Македонските кошаркарски екипи Куманово и ТФТ треба да победат три екипи на турнирите кои ќе се одржат во периодот од 28 септември до 1 октомври 2021 година за пласман во главната рунда од ФИБА Европа купот.
Освен што ги добија четвртфиналните ривали, нашите претставници во ова натпреварување сега знаат и со кого би вкрстиле ако ги поминат првите пречки.
Речиси сите клубови кои учествуваат во ФИБА Европа купот доаѓаат од лиги кои се посилни од македонската, а со тоа и ривалите се поквалитетни.
Кумановци прво ќе играат со австрискиот тим Гмунден и ако го поминат ќе се сретнат со холандскиот Гронинген. Евентуален триумф и таму ќе ги однесе во финале со најтрофејниот португалски клуб Бенфика или актуелниот освојувач на Купот на Романија, Волунтари.
ТФТ има подеднакво тешка задача, прво ќе игра со Натуртекс од Унгарија, а доколку победи, ќе се сретне со германскиот Меди Бајројт. Триумф и во оваа рунда ќе значи финале со подобриот од пресметката меѓу Енисеј од Русија и Хапоел Хаифа од Израел.
Во претстојниот период ќе се знаат и клубовите кои ќе ги организираат четирите квалификациски турнири.
The draws are in, the stage is set! ♟️
Who are you cheering for in the 2021/22 season of #FIBAEuropeCup? 🤔
— FIBA Europe Cup (@FIBAEuropeCup) August 19, 2021