Во Индија и Етиопија не смее да се јаде со лева, а Американците имаат израз „стисок на лева рака“ кој се смета за навреда и означува неискрени ветувања.
1. На масата се оди на десно
Основно правило кај масата е храната и пијалаците да се служат од лева кон десна страна. Важно е, кога ќе се соберат чиниите од масата, сите да тргнуваат во иста насока, објаснува професионалната советничка Емили Пост.
– Правиото исто така би можело да се примени кон лево, но ете, некој избрал кон десно и така останало до ден денес.
2. Отворете ги вратите на левата страна од автомобилот со десна
Употребата на левата рака за отворање на вратата на левата страна од автомобилот го зголемува ризикот од незгоди. На пример, велосипедист кој минува покрај автомобилот може да се забие во отворените врати. Ако ги отворите вратата со десна рака, присилени сте да се свртите што значи дека е можно да го видите велосипедот. Оваа метода за отворање на вратите е трик измислен од Низоземците кои секојдневно го применуваат.
3. Разговарајте на Ајфон во десна рака
Ако имате Ајфон веројатно ќе имате подобар прием доколку го држите во десната рака и на десното уво во текот на пивикот, покажала студија за тоа колку добро сигналот го фаќаат различни типови на паметни телефони. Послаб сигнал во левата рака може да биде поради пречку меѓу антената на телефонот и бежичниот сигнал токолку кога го држите во десната, сугерира „Куарц“, бизнис публикацијата.
4. Со лева рака во Индија се собуваат обувките
Во Индија левата рака е поврзана со личната хигиена, тоа вклучува собување и облекување на обувките. Исто така се смета за нечиста. Затоа никогаш не би требало да користите некому нешто да податете со лева рака, без разлика дали му додавате соленик на масата или нотес. Всушност, некои Индијци ќе одбијат да земат нешто од вас доколку тоа им го подадете со левата рака.
5. Во Индија не се зема храна со лева
Од истите причини, во Индија храната никогаш не се зема со левата рака, дури и кога ја ставата на чини, но и кога јадете со прибор.
6. Во Етиопија левата е за бањата
Етиопјаните немаат поединечни чинии туку сите јадат исклучиво од една грабајќи ја храната со раце или парчиња леб. Но, за тоа секогаш се користи исклучиво десната рака. Како и во Индија, Етиопјаните се одгледани левата да ја користат „во бањата“, па таа се смета за повалкана. Меѓутоа, парите не се валкани и за нив користат десна рака.
7. Размена на пари на Блискиот исток
На Блискиот исток се смета за непристојност да се допираат парите со левата рака. Исто така непристојно е да соберете било што со левата рака. Како и во Етиопија и во Индија, на Блискиот исток е непристојно да јадете со лева рака.
8. Во Гана со левата не се прави ништо
Десната страна секогаш е „вистинската“ страна во африканската држава Гана, каде се смета за табу дури и користењето лева рака за готвење.
– Ако се збуните и повторно го направите со лева, мора да кажете: „Прости поради левата“, пишува блогерот Џереми Гинсбург.
9. Пишувајте на јапонски со десна и олеснете си
Тука не станува толку збор за тоа дека никогаш не смеете на јапонски да пишувате со лева рака, туку за фактот дека кога тоа го правите, всушност си ја олеснувате работата.
– Сите потези во јапонското писмо се влечат од лево кон десно, а потешко се „туркаат“ од лево на десно отколку да се „повлечат, смета Суе Умезаки, Американска која живее во Јапонија во последните 15 години.
10. Стисок на рака
Во сите наведени земји, во кои левата рака се смета за повалкана, ракувањето со неа не доаѓа предвид. Но, ниту во останатите делови во светот тоа не е прифатливо. Во САД терминот „стисок на левата рака“ се смета з анавреда и означува неискрени ветувања.