Како да ги подготвите децата за училиште во време на пандемија?

Сподели со своите пријатели

Се чини дека главната грижа на родителите денес е дали детето ќе биде повеќе изложено на опасниот вирус кога ќе се врати на училиште.

Loading...

Откако сите ние бевме исклучително претпазливи во текот на изминатата година кога станува збор за здравствената заштита, од една страна се поставува прашањето дали е мудро да ги вратиме децата на училиште, а од нѐ фаќа стравот од последиците врз нивниот образовен процес и ментално здравје ако уште една учебна година минат пред своите компјутери и телефони на онлајн настава.

 

 

Во продолжение неколку совети како да ги подготвите децата за училиште и покрај пандемијата која сѐ уште е присутна.

Индивидуална одлука

Многу родители ширум светот, исто така, размислуваат да ги испишат своите деца од училиште. Иако во моментов сите експерти советуваат да се носат маски поради многу позаразниот вирус на делта сојот и покрај фактот дека лицето е вакцинирано, тоа е индивидуална одлука на родителите или околината во која живеете.

Loading...

 

 

Додека не се појави делта сојот, се веруваше дека децата не се многу подложни на инфекција со коронавирус, но денес се забележува зголемување на бројот на млади пациенти.

Така, Американската академија за педијатрија издаде извештај во кој се наведува дека бројот на заразени деца се зголемил од 39.000 на 72.000 за само две недели во јули. Иако е тешко да се процени, се чини дека овој сој на вирусот влијае многу потешко кај децата.

Ова покажува дека децата не се имуни на оваа варијанта на вирусот и дека, сепак, децата немаат суперсили, објаснуваат експертите, додавајќи дека истите овие деца можат да го внесат вирусот во домаќинството и да го заразат целото семејство.

Се чини дека заразените луѓе можат да носат 1.000 пати повеќе вирус во себе и исто така да го пренесат на други ученици, но и да го донесат дома од училиште.

 

Loading...

 

Одредени мерки

Ако ги погледнете податоците, велат експертите, лесно е да се заклучи дека ако се носат маски и се држи дистанца, можно е децата да останат заштитени и на училиште.

Голем број студии потврдија дека комбинацијата на одредени мерки како што се носење маска и оддалеченост, добар проток на воздух, хигиена може многу да го намали бројот на инфекции и во училиштата.

Неколку совети

Иако информациите за вирусот и делта сојот се менуваат од ден на ден, почетокот на учебната година тропа на врата.

Многу родители се загрижени и не знаат што да прават. За да ја олеснат нивната моментална ситуација, експертите споделија неколку совети како да го заштитите здравјето на вашето дете.

Loading...

 

 

– Без разлика дали се задолжителни или не, инсистирајте детето да носи маска

– По сопствено убедување можете да го вакцинирате вашето дете доколку е повозрасно.

– Разговарајте со училишниот персонал за сите отворени прашања

Loading...

– Советувајте ги децата да избегнуваат ризично однесување

– Запомнете дека информациите за вирусот постојано се менуваат, затоа следете ги новите податоци и упатства.