Пожар вчера избувнал во Зубовце, цел ден гаснеле пожарникари од Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Цел ден вчера пожарникари од Територијалните противпожарни единици Куманово и Старо Нагоричане биле во атарот на селото Зубовце, каде спречиле проширување на пожар кој зафатил сува трева и стрништа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, интервенирано е со три противпожарни возила и седум пожарникари од Куманово во период од 17:00 до 22:15 часот.

Тројца пожарникари со едно возило на ТППЕ Старо Нагоричане интервенирале во период од 14:00 до 20:00 часот.

Како што појаснуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, на исто место интервенирале двете единици за да не дозволат пожарот да се прошири.

Истиот е изгаснат.

Никола Ивановски