За улогата на жените во Авганистан, вклучително и нивното право на работа и образование и начинот на облекување, ќе одлучи Високиот исламски академски совет, изјави високиот лидер на Талибанците, Вахедулах Хашими.
Тој додаде за Ројтерс дека советот исто така ќе одлучи дали на девојчињата ќе им биде дозволено да одат на училиште.
„Тие ќе одлучат дали жените треба да носат хиџаб, бурка, само превез или нешто слично“, рече Хашими, пренесе Танјуг.
29 забрани за жените што важеле во времето на Талибанците: „Нѐ третираа полошо од животни“
Наведувајќи дека населението во Авганистан е 99,99 проценти муслимани и дека веруваат во исламот, Хашими рече „и кога верувате во законите, тие дефинитивно треба да се применуваат. Имаме совет и тие ќе одлучат што ќе правиме“.
Хашими додаде дека дури и Талибанците не очекувале да влезат во Кабул и дека откако претседателот Ашраф Гани избега од земјата „немаше кој да се спротивстави, затоа влеговме и го окупиравме градот и сега го контролираме Кабул“.
Главниот портпарол на талибанците Забиула Муџахид во вторникот на прес – конференција во Кабул рече дека на жените ќе им биде дозволено да работат и студираат и „ќе бидат многу активни во општеството“.
За време на нивното владеење од 1996 до 2001 година, Талибанците ги спречија жените да работат, а на девојчињата не им беше дозволено да одат на училиште.
Жените мораа да носат бурки во јавност и им беше дозволено да ја напуштат куќата само во придружба на машки роднина.
Жените што ги прекршија правилата понекогаш беа понижувани и јавно тепани од талибанската верска полиција.
Избеганиот авганистански претседател се обрати од Обединетите Арапски Емирати

