Опремувани две децении, во кои беа инвестирани 83 милијарди долари, авганистанските сили капитулираа, што покажува дека победниците на американските инвестиции се Талибанците.
Тие освоија не само моќ, туку и американски залихи на оружје, муниција, хеликоптери и многу повеќе. Талибанците успеаја да добијат модерна воена опрема кога, без многу напор, ја победија авганистанската армија, која не ги бранеше градовите, пишува Гласот на Америка.
Американски воен претставник потврди во понеделникот дека Талибанците добиле „огромна количина воена опрема што САД ја дадоа на Авганистан“.
Сето ова е последица на лошата проценка на силата на авганистанската армија, како и неуспехот на американската армија и разузнавачките служби.
Неуспехот на Америка да изгради силна авганистанска армија и полиција, најверојатно, ќе се изучува во наредните години. Основите, сепак, се јасни и не наликуваат на она што се случи во Ирак.
Војската беше добро и модерно опремена, но немаше волја да се бори.
Даг Лут, пензиониран генерал кој помогна во изготвувањето стратегија за Авганистан под водство на Џорџ В. Буш и Барак Обама, рече дека Авганистанците ги имаат материјалните ресурси, но им недостасуваат нематеријалните.
„Принципот на војната е ваков: моралните фактори доминираат во материјалот. Моралот, дисциплината, лидерството, поврзаноста во единиците се многу поважни од бројот на војници и опрема. Како надворешни играчи, можеме да обезбедиме материјални ресурси, но само Авганистанците можат нематеријални”.
Од друга страна, Талибанците, од кои има помалку, имаат помалку софистицирана опрема и немаат воздухопловни сили, се покажаа како посилни.
Американските разузнавачки служби многу ја потценија нивната супериорност. Дури и кога американскиот претседател Џо Бајден најави повлекување на армијата во април, разузнавачките служби не предвидуваа дека Талибанците ќе ја освојат власта толку брзо.
„Ако нашата стратегија не се базираше на надеж, ќе разбереме дека брзото повлекување на армијата е сигнал за авганистанската армија дека е оставена сама“, рече Крис Милер, кој беше вршител на должноста Секретар за одбрана пред крајот на мандатот на Трамп.
Стивен Бидл, професор по меѓународни односи на Универзитетот Колумбија и поранешен советник на американските команданти во Авганистан, вели дека објавата на Бајден предизвика колапс.
„Проблемот со повлекувањето на САД е што е испратен сигнал до сите дека е готово. Дури и пред најавата на Бајден во април, авганистанските сили загубија против Талибанците, и кога дознаа дека американските партнери си одат дома, поривот да се предадат без борба се шири како пожар“.
Неуспесите, сепак, продолжуваат. САД се обидоа да изградат кредибилна армија додека се бореше со Талибанците, се обидоа да создадат поширока политичка основа за формирање влада во Кабул и да воспостават демократија во земја во која доминира корупцијата.
Со години, американските воени лидери ги негираат проблемите и инсистираат на тоа дека тие ќе бидат успешни. Други, пак, го насетуваа крајот.
Во 2015 година, Крис Мејсон, професор на Воениот колеџ за стратешки студии, ја напиша книгата „Зошто авганистанските сили нема да издржат“.
„Едноставно кажано, САД веќе отидоа во иста насока двапати: во Виетнам и Ирак и нема причина да се мисли дека резултатите во Авганистан ќе бидат различни“, напиша Мејсон.
Изградбата на авганистанската војска беше толку зависна од САС што војниците дури земаа и плата од Пентагон. Честопати тие пари, како и големи количини гориво, отишле во рацете на корумпирани службеници кои правеле „духови на војници“ за да ја покријат злоупотребата на парите.
Од 145 милијарди долари што САД ги потрошија за обнова на Авганистан, 83 одеа за војската и полицијата.
САД потрошија уште 837 милијарди долари во војната што започна во октомври 2001 година.

