Бројот на жртви во земјотресот на Хаити достигна 2.189

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес на Хаити се искачи на 2.189, соопштија денеска локалните власти.

Нови земјотреси се случија во средата навечер, па зградите се потресоа во градот на југот од оваа карипска држава Лес Кајес, пренесува Ројтерс.

Поплавите и обилните дождови претходните денови ги забавија напорите на спасувачите да пронајдат преживеани и да им помогнат на бездомниците, храна и вода.

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Хаити во саботата, а покрај 2.189 загинати, неколку илјади луѓе беа повредени.