Еден од најдобро сочуваните скелети пронајден во Помпеја: Роб кој се обогатил бил мумифициран

Сподели со своите пријатели

Археолозите открија добро сочуван скелет во гробница во Помпеја. Откритието ќе фрли нова светлина врз погребните обичаи и културни активности во древниот римски град, велат официјалните лица, пренесе Ројтерс.

Loading...

Телото на мажот за кое се верува дека починал кога имал над 60 години, било пронајдено во гробница, која се проценува дека датира од последните децении на Помпеја, пред градот да биде уништен од Везув во 79 година од нашата ера.

Натписот на плочата ни кажува дека човекот се викал Маркус Венериус Секундио. Археолозите за прв пат најдоа директен доказ за театарски претстави изведени на грчки, како и на латински.

Тоа е еден од најдобро сочуваните скелети што покажува знаци на делумна мумификација, со коса и уши што сѐ уште се гледаат на черепот. Во гробницата се пронајдени и две урни.

Возрасните тогаш биле кремирани, па погребот на Маркус Венериус е многу невообичаен. Археолозите истражуваат дали човекот можеби бил балсамиран пред погребот.

За таа цел се користат одредени материјали, а археолозите пронашле фрагменти од нешто што можело да биде ткаенина.

Името на Маркус Венериус се појавува во градските архиви, кои го идентификуваат како роб и чувар во храмот на Венера. Подоцна бил пуштен на слобода, а неговата гробница вели дека достигнал одреден економски и социјален статус пред неговата смрт.

Гробниците во моментов не се достапни за посетителите. Се вели дека е далеку од границите на градот.

Loading...

Помпеја се наоѓа на 23 километри југоисточно од Неапол. Околу 13.000 луѓе живееле во градот кога вулканска ерупција го закопала под облак од пепел, прашина и камења, заробувајќи го во време.