„Извикуваат смрт за Америка, но изгледаат пријателски“: Новинарка на CNN опкружена со Талибанци (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Светот внимателно ги следи настаните во Авганистан откако земјата беше преземена од Талибанците.

Новинарка од американската телевизија Си – Ен – Ен се појави во живо пред напуштената американска амбасада.

Цело време беше опкружена со Талибанците кои извикуваа „Смрт за Америка“, меѓутоа, таа како да не го сфаќаше моментот во кој се наоѓа.

Таа со насмевка коментираше: Викаат „Смрт за Америка, но изгледаат пријателски.“

Талибанците слават победа низ целата земја

Да потсетиме, по заземањето на Кабул, портпаролот на Талибанците рече дека по 20 години, тие протерале странци и дека „ова“ е момент на гордост.

– Нашиот план беше да застанеме пред Кабул откако ќе ги окупираме сите други провинции, но за жал претходната влада беше толку неспособна што нивните сили не можеа да обезбедат безбедност во Кабул и поради тоа моравме да направиме нешто. Сакаа да провалат во куќи, да малтретираат луѓе и да крадат, и затоа влеговме во Кабул, со цел да се осигураме дека Кабул е безбеден град – изјави портпаролот на Талибанците на прес -конференција.

 

https://youtu.be/4e6SqvfR9dg