Во Германија, бројот на новозаразени со коронавирус драматично се зголеми на повеќе од 8.000 за еден ден, што последен пат беше регистрирано во таа земја на 21 мај.
Здравствените институции пријавиле 8.324 нови инфекции во Институтот Роберт Кох (РКИ) во последните 24 часа, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден, пренесува Танјуг.
Во последните 24 часа, починаа 22 лица, што е исто зголемување, имајќи предвид дека пред една недела имаше 14 смртни случаи заразени со корона.

