Почнаа протести во Авагнистан: Народот излезе на улица, Талибанците пукаа на нив (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појавија снимки од Џалалбад, на кои се гледа како Авганистанци носат знамиња, а причината за излегување на улиците е замената на националното знаме на Авганистан со исламско.

 

Според некои извештаи, Талибанците пукале врз демонстрантите во Кабул.

Треба да се потсети дека по заминувањето на американските војници од Авганистан, Талибанците започнаа офанзива и за кратко време ја презедоа власта во целата земја.

 

Градовите се предадоа речиси без борба, а Талибанците во неделата влегоа во Кабул.

Оттогаш трае агонијата на цивилите кои на секој начин се обидуваат да избегаат од Авганистан, додека амбасадите се затвораат, а дипломатите се евакуираат.