Денеска во Кабул, Талибанците почнаа да запленуваат оружје од цивили, бидејќи, како што тврдат, повеќе не им е потребно за лична заштита, изјави бунтовнички претставник.
Авганистанците паѓаат од авиони во лет: Вознемирувачки снимки од Кабул (ВИДЕО)
– Разбираме дека луѓето беа вооружени за лична безбедност, но сега можат да се чувствуваат безбедно. Не сме тука да им наштетиме на невини цивили, изјави талибанскиот претставник за новинар на Ројтерс.
Талибанците ослободија илјадници припадници на ИСИС и Ал Каеда од затворите (ВИДЕО)
Жителот на Кабул, Салад Молескин, директор на компанија, објави на својот профил на Твитер дека и Талибанците дошле во неговата компанија да се распрашаат за оружјето што го поседува обезбедувањето на компанијата.

