Талибанците ослободија илјадници припадници на ИСИС и Ал Каеда од затворите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Погледнете како илјадници затвореници, вклучително и членови на Исламската држава и Ал Каеда, бегаат од затвор во предградието на Кабул.

Авганистанците во неделата им ја предадоа воздухопловната база Баграм на Талибанците, а внатре во базата се наоѓа затворот Пул-е-Чарки, во кој беа сместени околу 5.000 затвореници.

Според светските медиуми, членови на Ал Каеда и Талибанците биле сместени во тој затвор, пренесува Телеграф.

Локалните медиуми објавија снимка на која се гледа како Талибанците ослободуваат затвореници, а Би -Би -Си јавува дека локалните жители велат дека слушнале истрели од правец на затворот.