Хаос на аеродромот во Кабул: Американските војници мораа да пукаат во воздух (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стотици Авганистанци го окупираа аеродромот обидувајќи се да се качат на воени авиони за да ја напуштат земјата откако Талибанците во неделата влегоа во Кабул.

Американските сили пукаа во воздух на аеродромот во Кабул во понеделникот за да спречат стотици луѓе да влезат на пистата, изјави американски претставник.

„Толпата беше надвор од контрола“, рекол изворот за Ројтерс.

 

„Пукањето е направено само за да се намали хаосот“, додаде тој.

Стотици Авганистанци го заглавија аеродромот обидувајќи се да се качат на воени авиони за да излезат од земјата откако талибанците во неделата влегоа во Кабул.

 

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради Авганистан

 

Аеродромот е контролиран од американски војници кои помагаат во евакуацијата на персоналот на амбасадата.

И додека аеродромот е преполн и хаотичен додека стотици цивили се обидуваат да ја напуштат земјата заедно со странски државјани, улиците на Кабул осамнаа пусти во понеделникот наутро.

 

Зградите и канцелариите се празни, а делот од градот каде што беа сместени дипломатските претставништва е целосно испразнет.