За евро повеќе пејачот Џани го погребаше своето достоинство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавна тајна е дека српската естрада, особено трубо фолкерите паѓаат ниско и прават сѐ само да извлечат што е можно поголем бакшиш од пијаните гости.

Loading...

Еден од оние што можат да се закитат со најмногу вакви понижувања е турбо-фолкерот Радиша Трајковиќ – Џани.

Видео снимка од една веселба кружи по социјалните мрежи, а на неа се гледа како овој 48-годишен турбофолкер седи на земја среде локалот со пари пред себе и во рацете, додека пијаните гости му даваат да се напие нешто ни помалку ни повеќе од чевелот.

„И што велите, корона, децата не можат на училиште“, гласи во описот на објавеното видео.

Образот велат нема цена, но очигледно кога е во прашање српската турбо-фолк естрада сѐ има своја цена, а достоинството се голта за секое евро повеќе.