Ебола откриена во Брегот на Слоновата Коска

Сподели со своите пријатели

Првиот случај на ебола од 1994 година е регистриран на Брегот на Слоновата Коска.

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека ебола е откриена кај 18-годишен тинејџер од Гвинеја, и дека лицето веднаш било ставено во карантин.

Се додава дека споменатото лице дошло во земјата по копно од гвинејскиот град Елба.

Граничните безбедносни сили, ранливите групи и здравствените тимови кои стапиле во контакт со пациентот итно ќе бидат вакцинирани против ебола.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 5.000 дози од вакцината против ебола наменета за Гвинеја ќе бидат испратени на Брегот на Слоновата Коска.

Првично откриена во 1976 година, болеста предизвика глобален аларм во 2014 година, кога избувна епидемија во Западна Африка, при што загинаа повеќе од 11.300 луѓе и се заразени околу 28.600 луѓе во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.

Еболата е позната како вирус на хеморагична треска, се шири преку директен контакт со телесни течности – крв, плунка, пот, солзи, слуз, мајчино млеко и урина на заразени лица.

Вирусот предизвикува проблеми со згрутчување, што доведува до внатрешно крварење, воспаление и оштетување на ткивото.

Исто така, се шири со допирање на работи што се контаминирани со телесни течности.