Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го повика актуелниот претседател Џо Бајден да поднесе оставка поради настаните во Авганистан, каде Талибанците ја преземаа контролата врз земјата по повлекувањето на американските сили.
Во изјавата, Трамп оцени дека е време Бајден да поднесе оставка поради она што дозволи да му се случи на Авганистан, зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од „Ковид-19“, уништувањето на енергетската независност на САД и осакатување на економијата , пренесува Њујорк пост.
Вчера, по брзата офанзива во која тие го освоија поголемиот дел од Авганистан, Талибанците влегоа во главниот град Кабул и го подигнаа знамето во претседателската палата.

