Во Шпанија урнат апсолутниот температурен рекорд

Сподели со своите пријатели

Жешкиот бран што ја зафати Шпанија во саботата резултираше со соборување на апсолутниот температурен рекорд во оваа земја, со 47,4 степени целзиусови.

Температурата е измерена во градот Монтор во јужната провинција Кордоба, објави во неделата државната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).

„Ова е највисоката температура некогаш забележана во Шпанија“, рече во неделата портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо, истакнувајќи дека станува збор за привремени податоци, кои ќе бидат потврдени во наредните денови.

Температурата, која беше забележана во саботата во 17 часот по локално време, е повисока од претходниот рекорд забележан на истото место на 13 јули 2017 година. Кратко потоа, на аеродромот во Кордоба беа регистрирани 46,9 степени целзиусови.

Жешкиот бран што ја зафати Шпанија во саботата резултираше со соборување на апсолутниот температурен рекорд во оваа земја, со 47,4 степени целзиусови.

Шпанската метеоролошка агенција посочува дека таквите температури се многу повисоки од вообичаените сезонски норми и дека се резултат на многу топли воздушни бранови од Северна Африка.

Помеѓу 2011 и 2020 година, Шпанија забележа двојно повеќе топлотни бранови отколку во било кој од претходните три децении.

Научниците веруваат дека почестите топлотни бранови се неоспорна последица на глобалното затоплување и се убедени дека тие ќе станат уште почести, подолги и поинтензивни.