Рекордна заплена: 9,4 тони кокаин во Еквадор паднаа во рацете на полицијата

Сподели со своите пријатели

Еквадорската полиција вчера заплени 9,6 тони кокаин од Колумбија, изјави министерката за внатрешни работи, Александра Вела.

Тоа е досега најголема количина кокаин запленета во таа земја.

„Запленивме историско количество кокаин“, рече Вела на прес -конференција.

Полицијата објави дека кокаинот, кој дошол во земјата од Колумбија, и најверојатно ќе се прошверцувал во Мексико и САД, бил откриен во стан во Гвајакил, на југозапад од земјата.

Неговата пазарна вредност се проценува на околу 450 милиони долари.

Двајца државјани на Еквадор биле уапсени, а десетина парчиња огнено оружје беа запленети, додаде полицијата.