Поплави во Русија: Без струја 108.000 луѓе, евакуирани 450 (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поради поплавите предизвикани од обилните врнежи во Краснодарската област во јужна Русија, околу 108.000 луѓе останаа без електрична енергија, а 450 луѓе, меѓу кои и туристи, беа евакуирани од црноморскиот град Анапа, соопшти локалниот Кризен центар.

„Во 11 населени области снабдувањето со електрична енергија беше прекинато и околу 108.000 луѓе немаат електрична енергија“, се наведува во официјалното соопштение на Центарот за кризни состојби.

По поплавата во одморалиштето во Анапа, продолжи акцијата за спасување, во која досега 458 лица се евакуирани во привремени засолништа.

Додека метеоролозите прогнозираат продолжување на обилните врнежи на југот на Русија, а вонредна состојба е прогласена во неколку области, локалниот центар за вонредни ситуации сугерира дека капацитетот на привремените засолништа е околу 350 луѓе.

Поради поплавата, сообраќајот на автопатот што го поврзува пристанишниот град Новоросијск во Црното Море е прекинат со пристаништето Керч во Азовското Море.

 

https://youtu.be/OKZX4lHUM78