Уште едно авионско прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Авионско прскање против комарци во среда ќе се изврши на подрачјето на Општина Куманово, информираат надлежните.

Loading...

– На 18.08.2021 (среда), во раните утрински часови на подрачјето на Куманово ќе се изврши авиозапрашување против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, стои во соопштението од локалната самоуправа.

Од Општина Куманово апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Никола Ивановски