Американка повредена со огнено оружје во Липково од свој роднина

Сподели со своите пријатели

Американка била повредена од огнено оружје во Липково, откако нејзин роднина ненамерно испукал куршум додека го чистел службениот пиштол.

Loading...

– На 12.08.2021 година во 13.08 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово била донесена Г.Т.(40) од САД со повреди од огнено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по преземени мерки и извршени разговори дојдено е до сознание дека нејзин роднина Ш.М.(30) од село Оризаре, општина Липково, додека го чистел службениот пиштол, ненамерно испукал куршум и ја повредил.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски