Кумановските пожарникари и вчера со неколку интервенции

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари и вчера имале неколку интервенции за гаснење пожари.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева во атарот на селото Ваксинце, во период од 11:35 до 16:15 часот.

Сува трева горела и во селото Табановце, каде во период од 13:30 до 15:05 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Сува трева и ниска шума (грмушки) гореле вчера во атарот на липковско Матејче кон Виштица, односно место викано Букурица. Таму во период од 12:40 до 21:40 часот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила.

Четворица пожарникари вчера интервенирале и на запалената кровна консрукција на Спортската сала во Куманово во период од 14:25 до 15:40 часот.

На запалена сува трева во Черкезе интервенирале тројца пожарникари во период од 19:15 до 21:20 часот.

Едно возило со двајца пожарникари вчера интервенирало на депонијата Краста, каде гори смет. Интервенцијата траела од 18:40 до 21:30 часот.

Никола Ивановски

Loading...