Актерот Џоел Кинаман е под истрага на шведските власти поради обвинувања дека наводно силувал жена, а процесот е во рана фаза, но sвездата од серијата „Altered Carbon“ ги отфрла обвинувањата.
Актерот сега е предмет на истрага, а шведските обвинители објавија дека го бараат за силување и дека случајот е поврзан со неодамнешната мерка забрана што ја добил Џоел против жената за која тврдел дека го уценувала, пренесува ТМЗ.
View this post on Instagram
Портпаролот на Кинаман изјави дека жената отишла во полиција дури по конечната забрана за приближување.
Џоел откри дека станува збор за шведската манекенка Габриела Магнусон, со која имал интимна врска неколку пати во текот на 2018 година, а кога престанал да и се јавува, таа почнала да го малтретира и уценува. Тој го објави на својот профил на Инстаграм, како и детали за уцената.
Тој, исто така, напиша дека за време на врската со неговата нова девојка, тој добивал закани од Габриела дека ќе биде пријавен за силување и дека неговата кариера ќе биде уништена, и дека таа ќе добие добар маркетинг. Џоел, исто така, напиша во детален пост на Инстаграм дека има снимка од разговор помеѓу него и Габриела што потврдува дека нејзините обвинувања се лага. Тој, исто така, изјави дека братот на манекенката повлекол пиштол врз него кога се сретнал со нив за да разговара за се.
View this post on Instagram
Џоел Кинаман, кој е верен на манекенката Кели Гејл, вели дека оваа ситуација е многу непријатна за него и за неговото семејство, и дека ќе соработува со полицијата со цел „да се отстрани дамката од неговото име“.
Џоел треба да се појави во нова верзија на Suicide Squad.
View this post on Instagram