Враќањето на американските астронаути на Месечината до 2024 година не е изводливо поради значителни одложувања во развојот на вселенските костуми, вели генералниот инспектор на НАСА, Пол К. Мартин, во новиот извештај.
Иако НАСА потроши повеќе од милијарда долари за вселенски костими од следната генерација, Мартин заклучи дека „костимите нема да бидат подготвени за летање најрано до април 2025 година“ и дека се потребни „години до завршување“.
Целта за слетување на првата жена и следниот маж на Месечината првично беше поставена од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп за 2028 година, а потоа се пресели во ноември 2024 година.
Администрацијата на Џозеф Бајден го одобри и додаде барањето за слетување на првото „обоена” личност на Месечината.
Извештајот го припишува одложувањето на развојот на вселенски костуми на недостатокот на средства, ефектите од „Ковид-19“ и техничките предизвици, пренесува Си-ен-ен.