Колку е ефикасен Спутник В против делта сојот: Русите ги објавија најновите резултати од истражувањето

Сподели со своите пријатели

Спутник В, руската вакцина против коронавирусот, е околу 83 проценти ефикасна против делта сојот на вирусот, што е пониско отколку што се мислеше, потврди денеска министерот за здравство Михаил Мурашко.

Loading...

Производителите на вакцини во јуни објавија дека Спутник В е околу 90 проценти ефикасен во однос на делта сојот, а рускиот министер рече дека последните резултати покажуваат дека таа ефикасност е околу 83 проценти, пишува ТАСС, а пренесува Танјуг.

 

 

Мурашко, исто така, рече дека ефикасноста на вакцината Спутник В против тешкиот тек на болеста, за која е потребна хоспитализација, надминува 95%.

Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја разви вакцината, изјави денеска дека Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите познати соеви на коронавирусот.

Руските власти веруваат дека делта сојот е одговорен за зголемувањето на случаите на коронавирус во јуни и јули, како и неподготвеноста на населението да се имунизира и покрај широката достапност на вакцини.

Loading...