Бајден: Не жалам што по 20 години ги повлеков војниците од Авганистан

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека не жали за неговата одлука да ги повлече војниците од Авганистан по 20 години, каде Талибанците освојуваат сѐ поголема територија.

Бајден ги повика авганистанските лидери да се обединат „во борбата за својата земја“.

Талибанците освоија најмалку осум од 34 главни провинции по повлекувањето на американската армија и ја продолжуваат офанзивата, пренесува Би -Би -Си.

Тој рече дека Соединетите Американски Држави го исполниле своето ветување за Авганистан, како што се воздушна поддршка, исплата на плати на војниците и снабдување со храна и опрема за авганистанските сили.

Но, тој додаде дека Авганистанците „треба да се борат за себе“.

Вашингтон пост ја пренесе изјавата на неименуван американски функционер, врз основа на воените проценки дека главниот град Кабул може да падне во рацете на Талибанците за 90 дена.

Само минатиот месец, повеќе од илјада цивили беа убиени во борбите меѓу Талибанците и владините сили.