Родители на новородени бебиња во Јапонија неодамна испраќаа вреќп со ориз во форма на бебе до нивните роднини кои не можат да ги посетат или видат поради пандемијата, за да можат да замислат како го гушкаат новороденчето.
Секоја кеса ориз е тешка како бебе, на неа е испечатена фотографија од новороденчето, а цената расте паралелно со големината на бебето, пренесува британски „Гардијан“.
Некои компании наплатуваат еден јени за грам за пакети до 3,5 килограми за оваа единствена можност роднините да искусат од далечина како би било да се држи новороденче, додава „Гардијан“.
– Кога се роди мојот син, размислував што да правам за моите роднини кои живееја далеку и не можеа да дојдат да го посетат за да го видат. Затоа решив да направам вреќа со ориз со иста тежина и форма како и бебето, за да можат роднините да ја држат и да ја почувствуваат очигледната симпатичност на бебето – вели Наруо Оно, сопственик на продавницата за ориз.
Бројот на новороденчиња во Јапонија се намалува од 1989 година, а популацијата минатата година се намали за повеќе од 480.000, на 126,65 милиони.