Животната средина страда се повеќе, а меѓу сериозните проблеми е отпадот што завршува во морињата и океаните, и ја уништува флората и фауната. Роботите би можеле да го ублажат овој проблем, бидејќи „се хранат“ со отпадни материјали.
Роботите се создадени од IADYS и се дизајнирани да го отстранат отпадот од водата. Тие веќе се користат во петнаесет француски пристаништа, а наскоро ќе пристигнат и во други делови на Европа, како и во Азија. Роботот може да плови, и е голем колку просечниот патнички куфер. Собира отпад со помош на голема мрежа, а исто така може да се вовлече во тесни премини и просторот помеѓу бродовите.
Отпадот најчесто се задржува во бродските пристаништа, така што таквите „правосмукалки за вода“ се вредни за чистење на такви области. На тој начин се спречува понатамошно ширење на штетните материи, што е важна мерка во заштитата на морињата и океаните, во која секоја година завршуваат големи количини пластика и други материјали што остануваат во водите со години, па и векови.