Стриите се појавуваат кај огромното мнозинство бремени жени во форма на големи црвени линии на стомакот, а понекогаш и на градите, колковите и задникот.
Дури и некои познати мајки, како што е пејачката Халси, која го роди својот син Ендер кон средината на јули оваа година, не побегнаа од ваков тип на стрии.
Таа сподели неколку фотографии, меѓу кои едната откри како изгледа нејзиниот стомак со стрии.
„Па, еве како изгледа“, напиша таа, откривајќи неколку детали од нејзиниот нов живот во кој ја игра улогата на мајка.
Стриите се јавуваат поради истегнување на кожата во бременоста, најчесто кон крајот на вториот и почетокот на третиот триместар. Не постои ефикасна козметика против стрии. Добрата работа е што, во повеќето случаи, по бременоста, тие ќе исчезнат и ќе станат речиси незабележливи.
Исто така, постои наследен фактор кај стрии, па ако сакате, можете да го погледнете стомакот на вашата мајка и да добиете одговор на прашањето дали можеби сте повеќе склони кон стрии во бременоста.
View this post on Instagram