Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 34 до 41 степен.
УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. температурата ќе се движи од 20 степени во утринските часови, до максимални 38 во текот на денот.

Натпросечно топло ќе биде и во текот на утрешниот ден во кумановско, кога температурата повторно ќе се искачи до 38 степени целзиусови.
Топло ќе биде и во среда, но ќе имаме сончево до умерено облачно време со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Температурата ќе се движи од 19 во утринските часови, до максимални 36 степени.
Четврток носи сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од минимални 18, до максимални 34 степени целзиусови.

Сончево и топло ќе биде времето во петок кога максималната дневна температура се очекува да достигне 33 степени целзиусови.
Претстојниот викенд ќе имаме сончево, но не премногу топло време.
И во сабота и во недела ќе биде сончево и стабилно, а температурата на воздухот ќе изнесува 32 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.
Никола Ивановски

