КРИТИЧНО ВО АТИНА: Пожарите беснеат, населението се евакуира – двајца загинати, 20 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Огромни облаци од чад сѐ уште лебдат над северните периферии на Атина, каде што се повикуваат луѓето да ги напуштат своите домови, а 38-годишен маж, доброволен пожарникар, почина вчера од повредите здобиени од падот на комуналниот столб во предрадие на главниот град.

Loading...

Друга жртва на пожарот е претседателот на Стопанската комора во Атина, Константинос Михалос, кој бил пронајден без свест во фабрика.

Уште најмалку 20 лица, меѓу кои четворица пожарникари, се хоспитализирани поради повреди, а двајца од нив се на интензивна нега во Атина, додека другите двајца се здобиле со мали изгореници.

Пожарникарите во моментов се борат со 154 пожари низ целата земја, кои се поттикнати од променливите ветрови, а најлошите се околу северна Атина.

Пожарите беснеат на блискиот остров Евија и области во близина на античка Олимпија.

Издадени се неколку наредби за евакуација на населението за десетици села на копното и блискиот остров Евија, како и за населбите во предградието на Атина каде пожарот уништи шуми и куќи во правец на езерото Маратон, најважниот резервоар за вода во главниот град.

 

Loading...

Променливите ветрови во петокот попладне предизвикаа пожарите надвор од Атина и Евија да го сменат правецот неколку пати, во некои случаи враќајќи ги заканите во областите што речиси избегнаа уништување на почетокот на оваа недела.

На Евија, крајбрежната стража спроведе голема операција во текот на ноќта и во петокот за евакуација на стотици жители и туристи по морски пат, користејќи патролни чамци, рибарски чамци и други приватни бродови.

Нова наредба за евакуација по морски пат беше издадена доцна во петокот за селото Лимни, кое првично беше поштедено од пожарот, а жителите таму беа повикани да се упатат кон пристаништето за да се качат на траектот.

Крајбрежната стража соопшти дека 668 лица биле евакуирани од плажите во североисточна Евија до вчера попладне, откако пожарот ги прекинал сите други превозни средства, а бродот на крајбрежната стража спасил уште 10 лица заробени на плажата поради друг пожар во близина на јужен Пелопонез градот Гито.

Грчките и европските претставници велат дека климатските промени се одговорни за неколку пожари во јужна Европа, од јужна Италија до Балканот, Грција и Турција.

Грција го има најдолгиот топлотен бран во последните три децении, со температури што скокнаа до 45 целзиусови степени, иако во петокот беше малку посвежо.

 

Loading...

Leave a Reply