Нејзиното момче живеело со неа и нејзината мајка и очувот додека биле средно училиште, и кога и двете врски се распаднале, тој и нејзината мајка започнале нова врска.
Една девојка ги шокираше социјалните мрежи кога откри дека нејзината мајка е свршена за нејзиното поранешното момче. Според The Sun, во серијата видеа објавени на TikTok, Мариса раскажала како дознала за нивната врска.
Првото видео што го објави доби повеќе од 2 милиони прегледи, и гласеше: „Чекај … Кој се жени со твојот поранешен свршеник?“ а во позадина беше пуштена песната „Мајка ми“ од Еминем, која стана тренд на Тикток и означува дека некој зборува за нечија мајка.
Мариса потоа објави серија од четири дела во која објасни како се одвиваат работите.
“За жал, 60 секунди не се доволно време за да ви кажам како мајка ми се вери со мојот поранешен свршеник. Тој е на моја возраст. Но, за да биде уште подобро, тој се пресели кај нас неколку месеци откако ние почнавме да излегуваме “, започна таа во видеото.
@marisakylieMy only claim to fame 🤠🤠♬ My Mom – Eminem
Имаше 16 години, живееше со нејзината мајка, очув и дечко. Се ближеше третата годишнина од врската со нејзиното момче, а во јуни истата година, нејзината мајка и очувот одлучија да се разведат. Околу еден месец по раскинувањето, таа и нејзиниот свршеник, исто така, раскинаа. Таа вели дека причината за раскинувањето со него била тоа што сфатила дека не сака да биде врзана до крајот на животот на 18 години.
Откако наполни 18 години, Мариса се пресели со пријателите и беше изненадена кога го виде својот поранешен вереник како се дружи со мајка и секој ден.
„Постојано ја прашував зошто сеуште се дружеше со моето поранешно момче? Зошто ми го прави ова? Одговорот секогаш беше ист: „Тој е мојот син и јас го сакам и ќе се дружам со него, сакала ти или не“. Ја молев да престане затоа што се чувствував непријатно и чудно, но таа не ме слушаше “, продолжи таа.
Мариса одлучи да престане да зборува со нејзината мајка за тоа, а потоа една вечер во 2019 година, нејзината мајка и се јави. Почнаа да зборуваат и таа и призна дека всушност се забавува со него. Тогаш таа навистина престана да зборува со неа.
Корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани од нејзината приказна и не можеа да поверуваат дека една мајка ќе го стори тоа на своето дете. „Тој е мојот син“, а потоа таа заврши со него? “, коментира еден корисни.
@marisakylieReply to @marissanicole249♬ original sound – Marisa