Противпожарна екипа од Старо Нагоричане утринава интервенира на потегот меѓу селата Жељувино и Дренак, каде пожарот е под контрола.
– Има интервенција на тромеѓето кај Дренак, таму сме со една екипа пожарникари, МВР и локално население-изјави командирот на противпожарната единица Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
РЦУК Куманово информира дека противпожарната единица Старо Нагоричане интервенирала во Жељувино до 20:30 часот со шест пожарникари, противпожарно возило, теренско возило, четворица доброволци, припадник на МВР, 20 војници од Армијата, 10 вработени од шумско стопанство, две теренски возила и 30 жители.
Вчера во пожарите низ селата во кумановско, изгореа куќи, викендички, објекти, добиток. Најкритично беше во селата Четирце и Зубовце. Извесен период гореше над Липац, каде интервенираше и хеликоптер.