Џејми Ли Куртис објави дека нејзиниот помлад син е трансродно лице. Актерката објави дека нејзината ќерка Руби и нејзиниот свршеник ќе се венчаат следната година, и дека таа ќе им биде матичар.
Легендата од малите екрани, која има две деца со сопругот Кристофер Гест, рече дека со воодушевување и гордост гледа како нивниот син станува ќерка по име Руби.
Таа доби дозвола да ја сподели оваа вест од Руби, а 62-годишната актерка тврди дека трансформацијата на нејзиниот син и помогнала да ги промени сите застарени верувања за тоа како е фиксен родовиот идентитет, но и да разбере дека животот всушност е „трајна метаморфоза“.
– Јас сум некој што држи чекор со времето, потребни се промени бидејќи е крајно време да се ослободите од застарените идеи, тие едноставно повеќе не функционираат – вели Џејми.
Куртис и Гест имаат и ќерка по име Ени, таа има триесет и четири години, мажена е и работи како инструкторка по танц.
Актерката, исто така, потврди дека не жали и дека нема што да крие со објавување слика на својот профил на Инстаграм во која ја раскажа приказната за своето дете. Во описот, таа нагласи дека е среќна што нејзиното семејство е безбедно и дека се развива.