Центарот за управување со кризи ќе бара од ЕВН Македонија да си ја проверат нивната електрична мрежа, бидејќи во неколку од пожарите било утврдено дека е настанат со искрење на жиците.
– Во тек е изработка на барање до ЕВН со кое тие треба да ги проверат нивните жици, бидејќи во неколку случаи е утврдено дека пожарот е настанат со искрење помеѓу жици на бандери и далекуводи. Искрите паѓаат на земја, доволно е само една искра да предизвика пожар, онаму каде има такви лабави жици ние апелираме и до граѓаните, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Како што појасни тој, во кумановскиот регион има сведоци кои виделе искрење на жици, а и пожарот во Богословец е запален од искрење на жици.
– Имаме очевидец кој кога паднале искрите веднаш се стрчал кон местото, но бил немоќен. Во овој момент го изработуваме оваа барање до ЕВН, секаде каде ќе добијат ваква пријава да преземат што е потребно, рече Ангелов.
Никола Ивановски

