Таблетите за чистење на протези се покажаа како одлично решение за перење патики до совршена белина. Ова го покажа жена од Велика Британија на Фејсбук и таа воодушеви многумина со своето откритие. Постапката е многу едноставна.
Таа користела апчиња за избелување протези кои нормално ги отстрануваат дамките од тутунот, храната и пијалоците.
– Го наполнив мијалникот со ладна вода, ставив шест таблети за чистење на протеза и ги оставив патиките да киснат преку ноќ. Утрото, тие изгледаа речиси како нови, успеав да им ја вратам белината – напиша таа со објавување на фотографии „пред и потоа“.
Исто така, се покажа дека таблетите за чистење на протези чистат душеци покриени со жолти и кафеави дамки. Овој метод го испробала друга Британка која веќе размислувала да земе нов душек.
– Купив таблети за чистење на протези, ги измешав со вода и ги испрскав дамките на душекот. Бев шокирана кога дамките исчезнаа – рече таа, додавајќи дека растворила две таблети во 250 мл вода.