Постојат стотици различни раси на кучиња кои се дистрибуираат низ целиот свет и секое има своја уникатна намена и изглед.
Иако повеќето раси го задржаа релативно класичниот изглед, има и такви кои изгледаат многу необично, речиси и да не личат на кучиња.
Ова се петте најнеобични раси.
1. Бедлингтон териер
Териерот Бедлингтон е мал териер од Англија кој е познат по тоа што повеќе личи на јагне отколку на куче. Оваа раса првично се користеше за ловење штетници во рудници. Тие се карактеризираат со глави во необичен изглед и заоблен грб.
2. Пули
Пули е унгарски сточар и е најпознат по својата долга, виткана коса. Крзното им е всушност водоотпорно, што ги прави погодни за работа во влажно време. Тие се активни и интелигентни кучиња кои прават добра работа. Не се препорачува да ги чувате на мали простори.
3. Бергамаско
Бергамаско е италијанско овчарско куче познато по долгото крзно. За разлика од другите раси, нивната коса може да добие многу необичен изглед, и честопати се споредуваат со скапи теписи. Оваа раса сеуште се користи како сточар на италијанските Алпи, од каде потекнува, но миленичињата исто така стануваат се почести.
4. Пуми
Пуми е мало овчарско куче од Унгарија кое повеќе личи на цртан лик отколку на куче. Имаат густо, виткано крзно и необични уши.Тие се интелигентни кучиња на кои им треба активен животен стил.
5. Мексиканско куче без длака
Мексиканското куче без длака е древна раса на кучиња од Мексико, која настанала пред повеќе од три илјади години. Оваа раса на куќиња не се препорачува за сопственици без искуство со кучиња.