Северот на Италија беше погоден од обилни дождови и силен ветер, а надојдените реки предизвикаа одрони и поплави, пренесува агенцијата Анса.
120 луѓе кои биле во летниот камп во близина на вештачката брана на Панџон, во близина на градот Леко, биле веднаш евакуирани, поради закана од излевање на водата од акумулационото езеро, чие ниво го достигна својот максимум.
И во Милано, административниот центар на провинцијата Ломбардија, цивилната заштита и пожарникарите интервенираа цела ноќ на повик на граѓаните.
Мали реки и потоци се надојдени, а засега некои објекти во индустриската зона во градот се потопени.
На северот од Болзано, свлечиште го блокираше сообраќајот на регионалниот пат, а поради лошите временски услови, железничкиот сообраќај од Бренер беше прекинат.
Властите ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни и да ја следат ситуацијата и советите за цивилна заштита.