Тајланд забрани употреба на креми за сончање и лосиони кои содржат хемикалии кои можат да ги оштетат коралите во поморските национални паркови.
Министерството за заштита на природата објави дека кремите што се користат за заштита од сонце обично содржат четири состојки кои ги уништуваат коралните ларви, го попречуваат нивното размножување и предизвикуваат белење на коралните гребени.
За прекршување на забраната е предвидена казна до 100.000 бати (околу 2.500 евра).
Службениците, сепак, сѐ уште не објасниле како планираат да го спроведат новиот закон, пишува Би -Би -Си.
Забранети се креми за сончање кои содржат оксибензон, оксиноксат, 4-метилбензилиден камфор и бутипарабен.
Слични забрани веќе се воведени во пацифичката островска држава Палау и Хаваи.