Големиот пожар во селото Челопек во општината Старо Нагоричане неофицијално ја зеде првата жртва.
Секаква трага се губи на Стојанка, вели нејзиниот животен сопатник дедо Борис за ТВ24.
– Немаше никој, само двајца бевме тука. Се потпали, јас додека се вратам, оган, чад, нема веќе враќање. Стојанка остана во собата таму, не можев да се вратам, имавме и животни, пари, апчиња леб, вели дедо Борис.
Тој вели дека луѓе дошле кога изгорело се, а тој се жали дека нема ниту пари, ниту леб.

