Пожарот во атар на селото Коњух, Општина Кратово, кој започнал вчера околу 12:00 часот е сѐ уште активен на непристапен терен за возила.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во гасењето на пожарот учествуваат 7 пожарникари од ТППЕ Кратово, 8 вработени од ЈП Македонски Шуми, луѓе од месно население и службеници од ПСОН Кратово.
Пожарот е на поголема површина но нема опасност по куќите во селото.
Никола Ивановски / фото: архива

