Во Кина најмногу нови случаи од јануари

Сподели со своите пријатели

Кина денеска објави најголем број на нови локално пренесени случаи на ковид -19 од јануари, во време кога некои градови ги засилија ограничувањата, ги откажаа летовите и го зголемија тестирањето за да се справат со епидемијата во која доминантен е делта сојот на коронавирусот.

Кина пријави 71 нов случај на ковид-19, покажаа официјалните податоци, што е најголем дневен број од јануари, пренесува Ројтерс.

Имено, заклучно со 30 јули, регистрирано е петдневно последователно зголемување на бројот на новозаразени.

Повеќето градови во Кина допрва треба да воведат строго заклучување, додека само мал број воведоа одредени ограничувања за движење.

Градовите Нанџинг и Јангжу во источната провинција Џиангсу, каде што повеќето локални случаи во Кина се пријавени од 20 јули, ги суспендираа домашните летови, автобуси за долги релации и такси возила.

Градовите како  Џенгџу и Џингџу „заклучија“ некои од нивните населби и го ограничија јавниот превоз во области што се сметаат за повисоки ризици.

Властите во Вухан изјавија дека имаат за цел да ги тестираат сите 12 милиони жители на градот за само три дена за да откријат инфекции.

Од крајот на јули, високо пренослив делта сој е откриен во најмалку десетина кинески градови, вклучувајќи го и главниот град Пекинг.

Leave a Reply