Грчките власти денеска ги советуваа жителите на Атина да ги затворат прозорците и да не ги напуштаат своите домови, поради чадот што доаѓа од неконтролираниот шумски пожар северно од градот.
Loading...
Повеќе од 500 пожарникари и припадници на армијата и полицијата, со помош на девет хеликоптери и пет авиони, се борат со пламените јазици на падините на планината Парнита.
Пожарот избувна во вторникот во предградието Варимпоми, дваесетина километри северно од центарот на Атина, и се прошири, палејќи куќи и автомобили.
– Фала му на Бога што немаме загубени животи, рече премиерот Киријакос Мицотакис.
Пожарот ги оштети далекуводите, поради што делови од Атина се без електрична енергија, пренесува Ројтерс.