Њујорк е првиот голем град во САД што побара сертификат за вакцинација против корона вирусот во ресторани, спортски сали и други објекти, рече градоначалникот Бил де Бласио.
Граѓаните ќе треба да примат барем една доза од вакцината, а мерката ќе стапи на сила на 13 септември, пренесува Ројтерс.
Бласио посочи дека е време луѓето да разберат дека вакцинацијата е неопходна за нормален живот и дека оние кои не се вакцинирани нема да можат да учествуваат во многу активности.
Според градските власти, околу 60 проценти од Њујорчани примиле барем една доза од вакцината против „Ковид-19“, но во некои области има многу помала стапка на вакцинација.
Одлуката на Њујорк доаѓа во време кога бројот на заразени коронавирус расте низ САД, а државите Флорида и Луизијана објавија рекорден број хоспитализирани пациенти со ковид.

