Нападната куќата на министерот за одбрана на Авганистан, 4 загинати

Сподели со своите пријатели

Четири лица загинаа во напад на милитантите врз куќата на авганистанскиот министер за одбрана Бизмилах Кан Мохамади, пренесува Би -Би -Си.

Мохамади не бил дома кога напаѓачите активирале експлозив и испукале неколку истрели недалеку од добро чуваната „Зелена зона“ во Кабул. Неговото семејство било евакуирано, а напаѓачите биле убиени.

Нападот се случи во време на засилени судири меѓу талибанците и авганистанските сили во други клучни градови. Советот за безбедност на ОН повика на итен прекин на конфликтот.

Официјални лица за безбедност изјавија за АФП дека во нападот загинале четири лица, додека 11 се повредени.

Мохамади подоцна твитна дека се е во ред.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека нападот ги има сите обележја на талибанците.

Leave a Reply