Воспитувањето деца не е лесна задача. Да се биде родител постојано претставува нов предизвик, а мајките и татковците секогаш бараат нови начини за да обезбедат нивните деца да растат во добри луѓе.
Во новиот тренд на TikTok, родителите ја споделуваат најкорисната лага што им ја кажале на своите деца, а на една мајка нејзиниот смешен трик ѝ оневозможил децата да ја лажат без никој да ги фати, според Мирор.
Мајката Викторија објасни дека им кажала на своите деца дека возрасните можат видливо да кажат кога детето лаже.
„Им реков на моите деца дека кога лажат, на челото им се појавува sвезда што само возрасните можат да ја видат. Така, секогаш кога ме лажат, тие ги покриваат челата”, вели таа во своето видео.
Видеото стана вирално со над 22,3 милиони прегледи, 4,3 милиони лајкови и 20.000 коментари.
Мислењата беа поделени, а коментарите разновидни. Некои родители ги споделија сопствените родителски бели лаги, додека други разговараа за корисноста на нејзиниот метод.
Во друго видео, таа додаде: „sвездата е алатка за да им помогнете на вашите деца да препознаат кога лажат и зошто треба да ги признаат своите лаги. Користете го овој sвезден трик кога вашите деца се мали, за да знаете кога лажат и можете да им помогнете да ја признаат лагата“.
„Не користете го овој трик за да создадете страв кај вашите деца. Ако сте го користеле трикот на вистински начин, ќе изградите доверба затоа што знаат дека можат да ви ја кажат вистината и дека кога ќе го направат тоа, нема да бидат казнети за истото.
@mombarrassed5#stitch with @kat_morgan #momsoftiktok #parentsoftiktok #parentinghacks