Косовската полиција, по неколку предупредувања, казнила шведски државјанин во Приштина, наводно затоа што ја бакнал својата девојка на улица.
Loading...
Инцидентот се случи на 28 јули во близина на ноќен клуб во Приштина, а младиот човек е казнет со 450 евра.
Во опишувањето на прекршокот, косовската полиција наводно изјавила дека тој „се однесувал непристојно, бакнувајќи во јавност, иако бил предупреден неколку пати“.
За да се изрече оваа парична казна, полицајците се потпреле на одредбата од член 6 од Законот за јавен ред и мир.