Планетарниот геолог Мишел Минити истакна дека лакот најверојатно е формиран од материјали отпорни на ерозија.
Роверот на НАСА Кјуриосити неодамна откри интересна формација на карпи на површината на Марс. Сега му беше дадена можност поблиску да го истражи и она што го откри ги збуни научниците.
Имено, за време на неговото истражување на кратерот Гејл, каде што се наоѓа планината Шарп, Кјуриосити направи неколку фотографии на кои се гледа необичен лак направен од камења.
Планетарниот научник на НАСА, Абигејл Фреман, ја опиша фотографијата како навистина интересна. Тоа не е мазен камен, туку структура која повеќе потсетува на корален гребен, со испакнатини кои изгледаат како да излегуваат од површината на каменот.
Odd Rocks Anyone? @MarsCuriosity @NASAJPL @NASAMars #Pareidolia Sols 3188 & 3190 #WhatDoYouSee 🙂 pic.twitter.com/VY7c1hlpYu
— Paul Hammond (@PaulHammond51) July 28, 2021
Ровер Кјуриосити проучува област на Марс која е богата со глина и се граничи со област која содржи минерали и сулфати, како што е гипс. И двете области укажуваат на потенцијално присуство на вода во минатото, поради што се многу интересни за научниците.
Планетарниот геолог Мишел Минити истакна дека лакот најверојатно е формиран од материјали отпорни на ерозија.
Особено е интересно што е исклучително мал. Колку е точно, тешко е да се процени бидејќи Кјуриосити нема метар за да ја измери неговата должина. Но, доволно е да се каже дека фотографијата на која се појави лакот опфаќа само 16,5 сантиметри, што значи дека не е поголема од тоа.