Овој моќен телефон има слични перформанси како и новите дигитални камери! Има дури и капаче за објектив (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Познатата германска фирма Leica неодамна го претстави својот нов телефон во светот на премиум телефони, кое се карактеризира со се што ја прави оваа компанија препознатлива со децении …

Loading...

Познатиот производител на камери Leica, го лансираше својот прв смартфон – Leitz 1. Уредот го доби името по Ернст Лајц, човекот кој го смени светот на фотографијата во 1924 година со својот пронајдок на филмот од 35 мм.

Во мај, јапонската компанија Sharp го претстави својот нов смартфон Aquos R6 со една камера, опремен со CMOS сензор од еден инч развиен во соработка со Leica.

Leica сега го „препакува“ и го прекрсти телефонот и така го доби својот прв смартфон Leitz Phone 1, уред опремен со моќен осум-јадрен Snapdragon 888 5G процесор.

Уредот доаѓа со 12 GB RAM меморија, 256 GB внатрешна меморија, опремен е со 6,6-инчен OLED екран со резолуција од 1.260 x 2.730 пиксели. Уредот поддржува 5G и Wi-Fi 6 стандарди.

 

 

Loading...

Дизајнот на телефонот е дело на студиото за дизајн на Leica. Уредот доаѓа во анодизирана сребрена алуминиумска футрола, а за севкупна издржливост има Corning Gorilla стакло.

Главната камера е опремена со CMOS сензор од 20,2 MP со еден инч, со отвор од f / 1,9, електронска стабилизација на слика и автофокус со 6X дигитален зум. Предната селфи камера има сензор од 12,6MP, со видливо поле од 78 степени.

Камерата има тркалезна форма која потсетува на леќите на камера, а исто така доаѓа со заштитно капаче за леќи што се прикачува на уредот со магнет. Снима фотографии во формати RAW и JPG, додека специјалниот софтвер развиен од Leica нуди фото ефекти со врвен квалитет. Германската компанија додаде додаток на својот прв телефон што им нуди на корисникот голем избор на фотографии од меѓународната галерија Леика.

Телефонот првично ќе се продава исклучиво на јапонскиот пазар, по цена од 1.700 долари.

 

Leave a Reply